Работно место на пратеник
ратеникот
има бројни права и должности во Собранието. Пред се, тој треба
да присуствува на седниците на Собранието и неговите работни
тела и да учествува во работата и во одлучувањето.
Ова значи дека пратеникот е обврзан редовно да присуствува
на седниците, а доколку е спречен во тоа, треба да го извести
претседателот на Собранието. Понатаму, неговото присуство
на пленарните седници
го опфаќа и правото на говор, што значи дека секој пратеник
може да земе учество во претресот по прашањата кои се поставени
на ред и за кои се дискутира на седницата.
Сепак, целосната смисла на својата функција, пратеникот ја
остварува со гласањето, зашто гласањето е начин на кој Собранието
одлучува за прашањата од своја надлежност и така ги носи сите
одлуки.
Но, со ова не се исцрпуваат работните права и обврски на пратениците.
Со оглед на тоа, дека Собранието формира работни тела чија
задача е насочена кон подготовките за донесување на законите
и другите акти, пратениците имаат обврска да учествуваат и
во работата на овие тела и да присуствуваат на нивните седници.
аботните
тела можат да бидат постојани (комисии) или повремени.
Инаку, секој пратеник е член во некоја од следниве комисии
кои ги формира Собранието и кои делуваат за време на целиот
мандат:
– комисија за уставни прашања
– законодавно-правна комисија
– комисија за одбрана и безбедност
– комисија за политички систем и односи меѓу заедниците
– комисија за надворешна политика
– комисија за прашња на изборите и именувањата
– постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата
на граѓанинот
– комисија за надзор над работата на Управата за безбедност
и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање
– комисија за финансирање и буџет
– комисија за економски прашања
– комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
– комисија за транспорт, врски и екологија
|
 |
– комисија за образование, наука и спорт
– комисија за култура
– комисија за здравство
– комисија за труд и социјална политика
– комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
свен
тоа што гласа за законите и учествува во нивното подготвување,
секој пратеник има право и да му предлага на Собранието да
донесува закони и други прописи и општи акти.
д
останатите одлики на пратеничката функција, треба да се истакнат
нејзината неспојливост и неизбирливост со други јавни функции
или професии, како и должноста на пратеникот да ја чува државната,
службената, воената и деловната тајна, која ќе ја дознае во
текот на вршењето на својата функција.
ајпосле,
во рамките на ингеренциите на пратениците се и поставувањето
пратенички прашања и интерпелација. Тие се ефикасни средства
за притисок и политичка контрола на законодавната врз извршната
власт.
а
непречено остварувањето на своите права и за извршување на
своите работни задачи, пратениците уживаат имунитет. Имунитетот
ги опфаќа:
загарантираното право на слободно мислење, кое подразбира
ослободеност од кривична одговорност за искажано мислење или
гласање во Собранието и
правото на пратеникот да се повика на својот имунитет, т.е.
пратеникот не може да биде лишен од слобода без одобрение
на самото Собрание, освен ако е затечен во вршење кривично
дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку
пет години.

|
 |