Мојот парламент
shqip
Почеток Парламент за почетници За проектот Линкови
За парламентотФункции на собраниетоЗаседавањеМандат на собраниетоРаботно место на пратеникПретседател на СобраниеПотпретседател на СобраниеГенерален секретарЈавност во работата на СобраниетоАктивностиДеловник за работаУстав


Функции на Собранието

обранието на Република Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката.

д ваквата поставеност на нашето Собрание произлегува дека тоа е централна и основна институција на политичкиот систем во Република Македонија.

еговото огромно значење се состои во тоа што Собранието како законодавен орган има примарна задача да ги донесува законите со кои се регулираат основните и најзначајните прашања во земјата.





сто така, тоа произлегува и од фактот што Собранието е орган непосредно избран од граѓаните и одлучува во нивно име, што е пак, претпоставка за функционирање на демократијата.

свен законодавната улога од која несомнено произлегува дека Собранието е оној креатор (регулатор) на сите области од општествениот живот, тоа има и бројни други функции. Од нив, доволно е да се споменат уставотворната, буџетската и изборните функции. Имено, Собранието е надлежно за донесување на највисокиот правен акт на Република Македонија- Уставот, како и за негово менување. Тоа го донесува и државниот буџет, а врши и избор, разрешувања и политичка контрола на најзначајните органи и функционери: Влада, судии на редовните судови, судии на Уставниот суд, Јавен обвинител, Народен правобранител и.т.н.

горе